Федор од Бајконур замина во вселената

Утрово од космодромот Бајконур Русите ја лансираа ракетата Сојуз 2.1, а нејзината мисија е тестирање на новиот мотор и товарното летало. Покрај оваа задача, ракетата со себе го носи Федор, првиот хуманоиден робот, кој има мисија да изврши повеќе задачи на МВС (Меѓународната вселенска станица).

Станува збор за тестирање на носечката капсула која до сега носеше само сателити во орбитата на Земјата. Во овој случај таа е доставно возило за Федор, кој е поставен на пилотското седиште.

Федор со себе носи посебно подготвени податоци за членовите на МВС, и кога ќе пристигне на станицата ќе изврши трансмисија на податоци поврзани со летот и времето поминато на Сојуз.

Покрај тоа, Федор за времето што ќе го помина на МВС ќе изврши 5-6 комплексни задачи кои засега се држат во тајност.

Неговото пристигнување на МВС е планирано во недела.



Претходна Кој има поголем фетиш за праќање експлицитни фотографии? Жените или мажите?
Следна Најбогатиот град во Русија

Награден напис

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Мистериозно кинеско летало

Кинеското вселенско летало без екипаж се врати на Земјата откако помина 276 дена во орбитата. …

Don`t copy text!