Факти за човечката крв кои сигурно не сте ги знаеле

  •  

Општо е познат фактот дека крвниот систем во човечкото тело е неверојатно комплициран. Затоа водењето сметка и чувањето на кардио-васкуларниот систем е од огромна важност. Многумина немаат доволно познавање на основните работи за крвниот систем.

  • Човекот може да опстане без пулс. Во 2012 година лекарите вградиле уред кој на 55 годишниот Крег Луис му овозможиле крвта да му циркулира низ телото, но без пулс.
  • Стен Ларкин живеел без срце дури 555 дена. Толку време поминал Ларкин чекајќи трансплантација. Уредот што му го овозможувало тоа го носел во специјален ранец. Понекогаш играл и кошарка иако бил без срце.
  • Човекот може да преживее и ако изгуби 40 % од својата крв. Се разбира ако во вистински момент се изврши трансфузија.
  • Дури 21 % од срцевите инфаркти се случуваат во понеделник. Лекарите сметаат дека тоа е поради лачење на хормонот на стрес заради почетокот на работната недела.
  • Крвната група влијае на нашето здравје. Луѓето со нулта крвна група не се подложни на кардио-васкуларни болести.
  • Енергетските пијалоци го менуваат начинот на работа на срцето. Научниците откриле дека после консумирање на енергетски пијалоци се зголемува количината на кофеин дури за 3 пати, влијае на нормалната работа на срцето, и може да предизвика инфаркт, па дури и смрт.
  • Карактерот на личност често зависи од крвната група. Научниците откриле дека постои директна врска меѓу крвната група и личноста. Во Јапонија веруваат дека крвната група влијае и на успехот на една личност.
Копирањето на содржината е забрането!