Уникатот на Lamborghini, моделот SC 18

Следејќи ги стапките на Ferrari за изработка на уникатни модели на свои возила за единствени купувачи, од Lamborghini го презентираа уникатниот модел кој излезе од тркачкиот оддел Scuadra Corse со ознака SC 18.
Зад ознаката SC 18 се крие единствен модел кој е направен по директни спецификации и барања на посебен уникатен купувач и произлегува од одделот за дизајн на тркачки автомобили на Lamborghini.
Тоа е автомобил со прекрасна мешавина на тркачките автомобили Huracan GT3 Evo/Super Trofeo Evo и Aventador. Ќе го придвижува атмосферски V12 мотор со 6,5 литри, кој располага со 770 ks и вртежен момент од 720Nm.
Преносот е на предните и на задните тркала со помош на автоматски менувач со 7 степени на пренос.
Цената и карактеристиките на овој уникатен модел не се објавени.

Претходна Јапонска атлетичарка лазеше со скршена нога за да не го изневери тимот
Следна Топ 6 спортски автомобили со најдобар звук

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!