Уметноста на Manhart BMW Z4 – комбинација на елеганција и агресивност

Германската тјунинг компанија Manhart која се занимава со преработки на возила од програмата на BMW, на својот фејсбук-профил постави рендери од нивниот најнов проект, BMW Z4.

Податоци според актуелна спецификација нема, постојат само рендерите што ги поставија на својот официјален профил. Според објавените рендери се гледа приказот на преработениот body-kit и останатите визуелни подобрувања. Покрај физичките промени на надворешноста, има и визуелни промени во боите, графички детали кои на страниците потсетуваат како да се од Mustang Shelby.

Manhart, големите отвори на предниот и задниот браник ги украси со линии во златна боја, со што се доби поагресивен изглед без нарушување на концептот.

За техничките спецификации и други поединости ќе мора да почекаме.

Претходна Заштита од комарците во летниот период на едноставен и природен начин
Следна Qatar Sports Investment, сопствениците на PSG сакаат да ја купат Roma

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!