Европската фудбалска федерација (УЕФА) веќе од следната недела ќе почне да ја користи новата полуавтоматска офсајд технологија (SAOT), која може да направи револуција во светскиот фудбал.
Имено, системот ќе се користи во натпреварите од Суперкупот на Европа, но ќе биде во употреба од групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите, што е значително порано од првично планираното.
Првичната идеја за SAOT беше технологијата за прв пат да биде претставена на Светското првенство во Катар.
Сепак, УЕФА денеска потврди дека SAOT ќе дебитира во натпреварувањето на натпреварот од Суперкупот на Европа помеѓу Реал Мадрид и Ајнтрахт во Хелсинки.
Потврдено е и дека SOAT ќе се користи на сите натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите во сезоната 2022/23, па новата офсајд технологија ќе имаме можност да ја видиме уште пред Светското првенство.
Да потсетиме, SAOT е технологија која ќе одлучува за офсајд ситуации во 3D технологијата, а по изгледот на снимките многу наликува на “challenge” во тенисот.
Десет камери ќе снимаат 18 „точки“ на телото на играчот во секое време, следејќи го секое негово движење со дури 50 снимки во секунда.
Со помош на најнапредната технологија преку ВАР системот ќе се одлучува дали некој играч бил во офсајд.