Зад називот Mirage GT се крие темелно доработена Carrera GT, за која во Gemballa потрошија 1000 работни часови и од најдобриот модел на Porsche направија ремек дело.
Славниот модел Carrera GT беше произведуван во периодот од 2003-2007 година и се продуцираа само 1270 примероци.
Една од спецификите на овој модел е централно поставениот 5,7-литрен атмосферски V10 мотор, кој при 8000 вртежи испорачува 612 коњски сили. Силата прек мануелен менувач со 6 брзини се пренесува на задните тркала.
Сопственикот на еден од последните примероци што излегоа од производствениот погон на Porsche во Лајпциг дошол на идеја стандарната Carrera GT да ја даде на доработка во Gemballa, кои во изминатиот период работеле на повеќе проекти на Porsche.
Во Gemballa за целиот процес на доработка и преработка внатре и надвор на Carrera GT потрошија многу часови и ресурси и тоа што го испорачаа е за гордеење. Постигнаа зголемување на силата на стандардниот 5,7-литрен атмосферски V10 од 612 на повеќе од 660 коњски сили и 630 Nm вртежен момент.
Зголемувањето го постигнаа со рекалибрирање на централната управувачка единица, модифицирање на системот за вшмукување на воздух и новиот издувен систем.
Со тоа постигнаа забрзување од 0-100 km/h за 3,7 секунди и брзина поголема од 335 km/h.