Туширањето со ледена вода наутро е добро за здравјето

Утринскиот туш со ледена вода е најдоброто можно нешто што можете да го правите секој ден за вашето здравје.

Едно холандско истражување покажало дека луѓето кои наутро се тушираат со студена вода имаат помала веројатност да изостанат од работата во споредба со луѓето кои се тушираат со топол туш.

Студијата опфатила повеќе од 3.000 луѓе, но се уште не е утврдено зошто студената вода го намалува ризикот од болести.

Некои истражувачи мислат дека студената вода може да го „зајакне“ имунолошкиот систем.

Студија од Чешка покажа дека имунолошкиот систем е зајакнат кај младите мажи кои се занимаваат со спорт и се тушираат во ладна вода три пати неделно, во период од шест недели.

Студената вода го активира симпатичкиот нервен систем, делот од системот кој го контролира и влијае на нашиот одговор „бори се или бегај“. Тоа е автоматска физиолошка реакција на настан кој се доживува како опасен, стресен или застрашувачки.

Кога симпатичкиот дел од нервниот систем се активира со ладна вода, тоа го зголемува нивото на хормонот норадреналин. Овој хормон предизвикува зголемување на отчукувањата на срцето и крвниот притисок кај луѓето кои се потопуваат во ладна вода, што пак е поврзано со подобрување на здравјето.

Ладната вода исто така ја подобрува циркулацијата, а некои студии сугерираат дека може да биде корисна и ако сакате да изгубите тежина. Понатаму, студената вода може да има бројни придобивки за менталното здравје. Кога ќе дојде во контакт со лицето или вратот, може да ги подобри функциите на мозокот

Претходна Ѓоковиќ го освои седмиот Вимблдон и стигна до својата 21 Грен слем титула
Следна Новата сезона на американската хит серија надмина милијарда часови гледаност на Нетфликс

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!