Трката во Кина повторно отстранета од календарот на Формула 1

Новата сезона во Формула 1 ќе помине без трка за Големата награда на Кина.

Очекувано, Формула 1 официјално потврди дека трката во Кина нема да се одржи ниту следната година, а причината се тешкотиите предизвикани од коронавирусот во оваа земја.

Додека поголемиот дел од светот се откажа од заклучувањата и ограничувањата на меѓународните патувања, Кина не се откажа. Кинеските власти продолжуваат да ги спроведуваат мерките и покрај големите протести во последните недели.

Шефовите на Формула 1 одлучија дека трката во Кина е премногу ризична и таа беше отстранета од календарот за 2023 година.

Инаку, Големата награда на Кина требаше да се одржи на 16 април по трката во Австралија, односно две недели пред Азербејџан, а Формула 1 организацијата сега ги проценува опциите за доделување на слободното место на друга патека.

Претходна Оптичка илузија која ги полуде сите
Следна Роналдо повторно разочара

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!