Веќе е јасно на сите дека на класични автомобили им одѕвонува. Израелците покажаа како би можеле да изгледаат средствата за транспорт на иднината.
Startup REE Automotive од Израел и KYB Corporation од Јапонија се во последните фази на развој на мултифункционална платформа наменета за автомобили со целосно електричен погон. Тоа е решение кое е револуционерно затоа што компонентите на системот за суспензија и управување се инсталирани во тркалото заедно со електричниот мотор и системот за сопирање.
Ова овозможува одлична функционалност на каросеријата, бидејќи архитектурата REEcorner нуди исклучителен простор за патниците. Ова решение првенствено има за цел да го зголеми капацитетот на идниот градски превоз кој ќе почива на автономни возила со целосно електричен погон.