Трик како експресно да разладите шише со вино

За брзото ладење на виното потребно е само кујнска крпа и седум минути. Можете да го направите ова и со кујнски хартиени крпи, но влажната крпа се покажа како поефикасна.

Доколку гостите ви дојдат на ручек во недела, а сте заборавиле да го разладите виното овој трик ќе ви биде добредојден. Можете да го користите во која било друга пригода и за секое вино.

Сè што ви треба е кујнска крпа. Натопете ја добро, но не ја стегајте. Поставете ја на површината и завиткајте го виното со неа. Ставете го шишето со крпа во замрзнувач 7 минути. Вашето вино е разладено и подготвено за сервирање, пишува Бизнис Инсајдер, кој исто така го спроведе овој експеримент.

Можете да го направите и со хартиени крпи, но влажната крпа од ткаенина се покажа како поефикасна.

Претходна Црниот ким ги лекува сите болести, освен смртта
Следна Азиски убавици

Награден напис

Eфикасно користeње на клима-уредот

Ако барате разладување од летните горештини, воздржете се од нагонот драматично да ја намалите температурата …

Секс поза која е најпопуларна кај сите генерации

Компанијата „Bespoke Surgical“ неодамна анкетираше над 1.000 луѓе за нивната омилена поза во сексот. Според …

Don`t copy text!