За да внесете малку динамика и возбуда во сексуалниот живот не секогаш треба да инвестирате куп пари. Некогаш е доволна малку креативност и желба за истражување. Ова може да ви се најде како практично во деновите што следат.
- Пробајте нови работи. Пробајте да внесете нови работи во сексот. Доколку го практикуваме секогаш исто и не внесуваме новини или различни работи, знае да се претвори во рутина и да стане прилично досаден, што никако не сакате да случи. Запрашајте се што ви недостасува во сексот, размислете и имајте на ум дека опциите се неисцрпни. Умот е моќна алатка.
- Секс без оргазам. Можеби звучи парадоксално, но пробајте некогаш со партнерот да имате секс без да се доведете до оргазам. Едноставно експериментирајте и пролонгирајте го моментот на оргазам. Тоа ќе ве води да измислувате разни начини да се чувствувате возбудено и да се концентрирате на задоволството, а не само на оргазмот.
- Дишење. Кај сите луѓе, без разлика дали се мажи или жени, дишењето во текот на сексот се забрзува. Контролата на дишењето во текот на сексот е една од најважните техники на контрола на задоволството. Правилното дишење ви овозможува да ја зачувате енергијата и вистински да се опуштите. Длабоко вдишете неколку пати и следете ја ситуацијата.
- Самозадоволување со партнерот. Размислете да го вклучите партнерот во процесот на мастурбирање. Мастурбирајте заедно. Тоа може да ви помогне дополнително да се поврзете со партнерот и уште повеќе да се опуштите. Откријте дали оваа сексуална техника ве возбудува и двајцата. Исто така ќе ви помогне да создадете удобност и врска со вашето голо тело.
- Еротска масажа. За многу жени масажата претставува одличен начин на опуштање и одлична предигра. Масло за масажа и вештите раце на вашиот партнер е потребно за да ве опушти и подготви за прекрасен сексуален однос исполнет со задоволство.