Треба почесто да консумирате сардини

Треба да почнете почесто да консумирате сардини поради нивните особено добри здравствени ефекти. Еве што конкретно ги прави корисни.

Едвај една конзерва сардина содржи 27 проценти од препорачаната дневна количина на калциум. Сардините исто така содржат витамин Д, кој му е потребен на вашето тело за да го апсорбира калциумот. Така овие хранливи материи ќе ги одржат вашите коски силни.

Сардините се извор на омега-3 масни киселини. Зошто ни се потребни?

„Исхраната богата со омега-3 масни киселини го намалува нивото на холестерол и ризикот од срцеви заболувања“, изјави нутриционистката Бетани Кит за списанието Eat This, Not That.

Истражувањето, кое беше објавено минатата година во списанието JAMA Internal Medicine, покажа дека консумирањето најмалку 175 грама масна риба го намалува ризикот од срцеви заболувања кај здравите луѓе, но и кај оние кои веќе имаат срцеви заболувања.

Сардините содржат и витамин Б12. Постарите лица кои имаат стомачни болки најчесто страдаат од недостаток на овој витамин, што доведува до замор, односно недостаток на енергија.

Важно е да се напомене дека Б12 нема веднаш да ви ја „подигне“ енергијата и дека ви е потребна честа консумација на сардини за да се ослободите од уморот.

Претходна Новитек го подготви Портофино М, кој вози уште повеќе „коњи“
Следна Наједноставниот рецепт за најдобар женски оргазам

Награден напис

Што точно се случува со телото на човекот откако ќе умре?

Сигурно барем еднаш сте се запрашале што се случува со човечкото тело откако ќе умре? …

Rolls-Royce Cullinan од Carlex Design

Carlex Design е тјунинг компанија која главно зазема нетрадиционален пристап кон редизајнирање на луксузни и …

Забрането е копирање на текст!