Тојота ќе го прикаже новиот спортски GR Yaris на почетокот на 2020

Новиот спортски автомобил на Тојота светлоста на денот ќе ја види во јануари на Салонот на автомобили во Токио.

Новиот GR Yaris е наследник на претходниот модел Yaris GRMN кој беше произведен во мал број на примероци.

Тојота во наследникот ги има вметнато сите согледувања и искуства поминати со GRMN и со тоа се надева дека ќе прикаже модел кој ќе биде технолошки напреден и ќе биде пример  на рели-шампионатите. Gazoo Racing е називот под кој Тојота се натпреварува во светскиот рели-шампионат.

По минатогодишното претставување на легендарната Supra се очекува GR Yaris да биде вториот потполно спортски автомобил кој ќе биде понуден на љубителите на спортски автомобили произведени од Тојота.

Според менаџментот, учеството во рели-трките овозможува создавање и на подобри патнички автомобили.

Спецификацијата на новиот GR Yaris сè уште не е позната и со нетрпение се очекува од сите љубители на автомобилизмот.

Претходна Alex Christensen & The Berlin Orchestra – Children
Следна Треба ли да се инвестира во уред за прочистување на воздухот во нашите домови?

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!