Тојота на Месечината до 2029 година

Јапонската компанија за производство на автомобили и други превозни средства Тојота, во соработка со Јапонската вселенска агенција ќе произведе самовозечко ровер возило, кое ќе биде употребено при истражувањето на Месечината во 2029 година.

Се работи за транспортер со шест тркала, кој ќе може да превезува две лица на оддалеченост од 10 000 километри, благодарение на соларна енергија и технологијата на горивни ќелии на Тојота.

Роверот ќе биде со големина како два минибуси, а неговата внатрешност ќе понуди 13 квадратни метри простор во кои без проблем ќе можат да престојуваат астронаутите, ќе можат дури и да ги соблечат своите вселенски одела.

Роверот ќе слета на Месечината пред доаѓањето на експедицијата на астронаутите и ќе патува независно до нивната локација.

Најавата доаѓа во време кога активно се истражува вселената. SpaceX активно се подготвува за своите мисии, а Кина неодамна стана првата земја која ја истражувашe темната страна на Месечината и ги откри плановите за станица за соларна енергија во вселената.

https://youtu.be/1kd2nFHAAtU
Претходна Новости во Формула 1 што ќе ја зголемат динамичноста на натпреварувањето
Следна Некомплетниот Вардар го победи Извиѓач

Награден напис

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Мистериозно кинеско летало

Кинеското вселенско летало без екипаж се врати на Земјата откако помина 276 дена во орбитата. …

Don`t copy text!