Топката со која Марадона го постигна голот со „Божјата рака“ беше продадена на аукција

На аукција во Лондон топката со која Диего Марадона го постигна познатиот гол „Божја рака“ против Англија на Светското првенство во 1986 година беше продадена за цели 2,4 милиони евра.

На Светското првенство во Мексико во 1986 година, Аргентина и Англија играа во четврт-финалето, земјите кои две години претходно се бореа на Фолкландските Острови, а Марадона беше првото име на играта поради двата гола што ги постигна.

Еден беше „голот на векот“ кога од сопствената половина терен дрибла покрај целата одбрана и голманот Питер Шилтон за 2:0, а голот за 1:0 беше контроверзниот гол со рака кој го доби прекарот „Божја рака“.

Во 51. минута Марадона скокна во дуел со Шилтон и умешно со тупаница ја испрати топката во мрежата, а судијата Али Бин Насер го призна голот.

Токму Бин Насер ја однесе топката дома по натпреварот, а сега Тунижанецот реши да ја стави на аукција и на 79 години стана милионер.

„Оваа топка е дел од фудбалската историја. Вистинско време е да ја споделиме со светот“, изјави Бин Насер.

Дресот што Марадона, кој почина во 2020 година на 60-годишна возраст, го носеше на тој натпревар беше продаден во мај за 8,1 милиони евра, со што стана најскапиот сувенир во историјата на фудбалот.

Претходна AMB 001 Pro е мотоцикл на Aston Martin направен за патеката
Следна Мик Шумахер го напушта Хаас, на негово место доаѓа Нико Хулкенберг

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Илон Маск годинава загуби 100 милијарди долари, но сепак е најбогатиот човек на светот

Нето богатството на Илон Маск според Форбс, падна на околу 195,6 милијарди долари. Нето вредноста …

Забрането е копирање на текст!