Токио, град од соништата

Токио, главниот град на Земјата на изгрејсонцето, маѓепсува со својата футуристичка архитектура, неверојатната кулинарска сцена и врвните продавници.
Овој град со популација од 35 милиони жители, основан е во XII век под името Едо. Зборот Токио значи “источен град” и тој е еден од најнаселените градови во светот.
Токио е централното место на јапонската политика, економија, култура и образование, а воедно е и деловен и финансиски центар на источниот дел на Азија.
Овој град изобилува со знаменитости, кои доколку некогаш ја посетите Јапонија, мора да ги видите. Уено е кварт во кој се наоѓа најголемиот парк во градот, во кој има илјада црешови стебла. Во овој кварт може да ги посетите и  Tokyo National Museum, National Museum of Western Art, Tokyo Metropolitan Art Museum, како и зоолошката градина.
Паркот Уено

Tokyo National Museum

National Museum of Western Art

Tokyo Metropolitan Art Museum

Зоолошката градина во Уено

Гинза е кварт во градот со најмногу продавници, ресторани и ноќни клубови. Секој  бренд кој нешто значи во светот на модата има своја продавница во овој кварт. Некогаш во тој кварт се наоѓала ковачница на сребрени пари, по која и целиот крај го добил своето име. Гинза, исто така е познат и по најскапиот квадрат на градежно земјиште на светот. Квадратот на простор за градење достигнува неверојатни 100.000 американски долари.

Во квартот Маруночи се наоѓа спектакуларната Царска палата. Маруночи е кварт со прекрасни згради, а на патот до Царската палата може да уживате во многуте штандови идеални за туристите кои сакаат да ја видат историјата на Јапонија.
Царската палата

Асакуса е можеби единствениот дел на Токио во кој може да ја почувствувате вистинската атмосфера на традиционална Јапонија. Тука се наоѓаат едни од најубавите храмови во градот, опкружени со ресторани и дуќани. На улиците кои водат до храмовите може да си купите традиционална јапонска облека, стапчиња за јадење и разни слатки.

Посетете ја Јапонија и видете ја културата која е многу различна од нашата.

Претходна Спиењето без облека го подобрува здравјето, но и сексуалниот потенцијал
Следна Норвешка е лидер по бројот на продадени електрични автомобили

Награден напис

Русин уништил Lamborghini Urus за да промовира енергетски пијалок

Јутјубер по име Михаил Литвин снимил како крши Lamborghini Urus вреден повеќе од 250.000 евра …

Дали знаете која е главната причина зошто се поставуваат огледала во лифтовите?

Користењето лифт е кошмар за некои луѓе. Сепак, луѓето кои ги дизајнираат лифтовите користат огледала …

Don`t copy text!