Тогоанецот Адебајор со одговор кон новинарите за нивните критики

Спортистите често донираат пари во добротворни цели за борба против короната, некои донираат медицински материјали.

Сепак еден се истакнува, бо според новинарите не по добро.

Имено, легендарниот фудбалер на Того, Емануел Адебајор не дал ниту евро за хуманитарни цели ниту планира да го стори тоа.

Адебајор беше на удар од критичарите, на кои сега им испрати порака.

„Еве ќе бидам многу јасен. Јас не донирам. Многу едноставно. Јас го правам она што сакам да го правам. Јадам она што сакам да јадам. На крајот, секогаш ќе има луѓе што ќе ме критикуваат. Го донесов вирусот во Ломе. Тоа беше несреќа, но тоаа е”, иронично рече Адебајор.

Поранешниот играч на Реал, Арсенал и многу други клубови додаде дека нема притисок да го смени својот став и на крајот тој со порака до оние кои го споредуваат со другите играчи.

“Може да ме споредите со Дрогба или со Ето, но јас не сум ниту Дрогба, ниту Ето. Јас сум Емануел Адебајор и секогаш ќе го правам она што го сакам”, јасно рече фудбалерот на Того.

Претходна Од денес е задолжително носење на лична заштитна опрема за носот и устата
Следна Ѓоковиќ со желба да стане најдобрата верзија од себе

Награден напис

Римац Невера постави нов брзински рекорд за возење во рикверц!

Откако последователно соборуваше светски рекорди, Римац Невера сега почна да се менува. Хиперавтомобилот Rimac Nevera, …

Првите снимки на универзумот од европскиот вселенски телескоп Еуклид

Европскиот вселенски телескоп Еуклид денеска ги објави своите први снимки, откривајќи блескава маглина во облик …

Don`t copy text!