Технолошкиот гигант Сони влегува во светот на автомобилите

Сони секогаш го поврзуваме со технологија, со електронски уреди, мобилни телефони и никогаш не ни паднало на ум дека ќе читаме за Сони во светот на автомобилите.

Технолошкиот гигант од Јапонија, на Consumer Electronic Show во Лас Вегас го покажа својот прв електричен автомобил со назив Vision-S.

Vision-S е автомобил со елегантен дизајн и напреден систем на автономно возење. Со својот изглед малку потсетува порше тајкан, а дизајниран е пред сè за да може Сони да покаже дека е подготвен и на ова поле.

Vision-S е автомобил кој е создаден во соработка со неколку врвни компании како Нвидеа, Бош, Континентал, Куалком. Во него се вградени 33 сензори кои детектираат луѓе и предмети не само вон автомобилот, туку и во него.

Техничките карактеристики сè уште не се познати, но се знае дека ќе го движат два електромотори со вкупна моќ од 268 коњски сили, кои му овозможуваат забрзување од 0-100 км/ч за 4,8 секунди и максимална брзина од 240 км/ч.

Опремен е со екрани кои ги покажуваат параметрите како и два екрана странично што служат како странични ретровизори.

Сони во изработката на својот прв електричен автомобил соработуваше со Магнастир, компанија која стои позади тојота, бмв и мерцедес.

Дали Vision-S ќе прерасне од концепт во продукциски автомобил сè уште не е познато. Останува да почекаме и да видиме.

Претходна Bomfunk MC’s – Freestyler
Следна Како да имате здрави коски користејќи суперхрана

Награден напис

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Audi RS7 од Power Division забрзува подобро од Veyron

Сегашниот Audi RS7 Sportback послужи како основа за еден од последните екстремни проекти на полската …

Don`t copy text!