Тест на издржливост на сопирачките на Bugatti Chiron

Бугати ги произведе првите сопирачкии од титаниум изработени на 3Д принтер и со тоа ги заменија досегашните од кован алуминиум.
Bugatti Chiron е еден од наjскапите и најбогато опремените автомобили во светот и на тоа може да се додаде и најголемата и најјаката автомобилска сопирачка некогаш вградена во сериски автомобил. Во досегашните модели се користеше сопирачка од кован алуминиум која тежи 4,9 килограми. Новата која е од титаниум тежи само 2,9 килограми.
За производство на новата сопирачка потребни се 45 часа, а за изработката Д принтерот нанесува дури 2313 слоја на титаниумов прав.
За автомобил кој постигнува брзини и до 420 km/h сопирачката мора да помине низ серија на најстроги тестови. Тестирањето се врши во центарот за производство на посебни делови на Фолксваген, каде што сопирачките се изложуваат на екстремни оптоварувања.
На видеото може да го погледете целокупниот процес на тестирање.

Претходна Castagna Milano развива своја верзија на Audi A8 Avant Allroad
Следна Lenovo Z5s и официјално со Snapdragon 710 процесор и тројна задна камера

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!