Тесла Модел 3 е најпродаваниот електричен автомобил на сите времиња

  •  

Модел 3 и службено стана најпродаваниот електричен автомобил на сите времиња. Посебна улога тука имаше месец септември, кога се продадоа дури 22.250 модели. По огромната нарачка, кога повеќе од 400.000 луѓе го нарачаа својот примерок, продажбата полека растеше. Во jуни беа продадени околу 6000 примероци, за потоа бројката експоненцијално да порасне до сегашните цифри.
Причината за експлозија во продажните резултати е фактот дека Тесла очигледно успеа да го реши проблемот во масовното производство, така што за испорака се чека многу пократко време.
До сега се испорачани над 80.000 примероци, а до крајот на годината се очекува таа бројка до стигне до 100.000.

Копирањето на содржината е забрането!