Твитер тестира комбинирање фотографии, клипови и GIF во еден твит

Твитер тестира функција која ќе им овозможи на корисниците да користат различни медиумски формати во еден твит.

Ова значи дека корисниците ќе можат да додадат фотографија, видео и GIF на еден твит. Оние кои користат Твитер знаат дека до сега можеше да се користи само еден вид медиумска содржина во твит. Досега корисниците можеа да додаваат до четири фотографии, но не можеше да се додаде повеќе од едно видео или GIF на твит, ниту пак да се создаваат комбинации со фотографии.
Ажурирањето на кое работи Twitter вклучува и ограничување на бројот на медиумски содржини, но сега е можно да се комбинираат, односно да се додадат фотографии, клипови и GIF на гореспоменатите четири слотови.

„Веќе некое време ја тестиравме новата функција на одредени профили и им овозможува на луѓето да комбинираат четири медиуми во еден твит, без разлика на нивниот формат. Гледаме дека луѓето имаат повеќе визуелни разговори на Твитер, користејќи фотографии , GIF и клипови кои би ги направиле тие разговори повозбудливи. Во овој тест сакаме да откриеме како луѓето комбинираат различни медиумски формати за да се изразат покреативно на Твитер надвор од 280 карактери“, велат од Twitter.

Тестирањето е ограничено на одреден број профили во избраните региони. Сè уште не е познато кога новите функции ќе бидат достапни за сите корисници.

Претходна Наједноставниот рецепт за најдобар женски оргазам
Следна Францускиот Формула 1 тим загуби двајца возачи за 24 часа

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!