До скоро оваа информација би се оквалификувала како смешка на годината, но шефот на Bugatti Стивен Винкелман, изјави дека е прашање на време кога првиот SUV ќе ја види светлината на денот.
Според изјавите на Винкелман, кога е во прашање комфорот, нивниот SUV би ги напаѓал Bentley Bentayga и Rolls Royce Cullinan, а по перформанси Lamborghini Urus.
Од Bugatti се приклучуваат на двоецот за кој никогаш не мислевме дека ќе произведат возило различно од спортски тркач, Ferrari и Aston Martin.
Извори наведуваат дека првиот SUV на Bugatti ќе ја има основата и ликот на Chiron од кого ќе го позајми и моторот.
