Холандската компанија Oceanico на Саемот на наутика во Дубаи ја претстави својата суперјахта Esquel.
Станува збор за пловило долго 105 метри опремено со дизел-електричен погон, кое своето име го добило по метеорит. Изгледот на Esquel наликува на јахтите од филмовите со Џемс Бонд.
“Ова е совршен спој на експедициско пловило и суперјахта. Esquel го нуди најдоброто од двата света”, изјавија од Oceanico.
Автономијата на Esquel е 7000 наутички милји, што значи дека може да помине третина од светот пред да има потреба од влегување во пристаниште.
Оваа суперјахта е опремена со моторни санки, офроуд возила, нуркачка опрема, водени скутери, хеликоптер и две подморници. Дел од главната палуба е и затворен базен.
Се нагласува дека јахтата служи не само за забава, туку многу лесно може да се претвори во истражувачко пловило.
Цената на Esquel сè уште не е позната.


