Почетокот на трката во Формула 1 на познатата патека Силверстон беше одбележан со катастрофална несреќа која ја запре Големата награда на Велика Британија.
Токму кога трката требаше да започне, се случи страшна несреќа. Џорџ Расел и Јоу Гуанју се судрија пред првиот свиок на самиот старт на трката.
Несреќата се случила кога Пјер Гасли го закачил Расел, кој го удрил Џоу на таков начин што завршил меѓу оградата и заштитните бариери.
Расел веднаш излегол од автомобилот и со него се било во ред, но вниманието веднаш го привлекло младиот Кинез кој не излегол и чиј автомобил бил превртен.
Извлекувањето траеше долго, додека фановите на Формула 1 во неизвесност пишуваа пораки со поддршка за Џоу. За среќа, тимот на Алфа Ромео потврди дека Џоу бил извлечен жив.
„По несреќата на почетокот на Британското ГП, Џоу Гуању е свесен и сега е во медицинскиот центар покрај патеката на прегледи“, се вели во соопштението на Алфа Ромео.
Кинезот веднаш е пренесен во болница, а трката е прекината, па не се знае што не очекува во следните неколку минути.