Стартуваше продажбата на лаптопите од серијата Matebook на Huawei на македонскиот пазар

Од 25 август на македонскиот пазар станува достапна нова категорија паметни производи на  технолошкиот гигант Huawei – лесните и преносни лаптопи од Matebook серијата. На македонските корисници на располагање ќе им бидат 4 претставници од оваа серија – моделите  Matebook X Pro со 13,9 инчен дисплеј на допир, потоа ултра тенкиот 13 инчен Matebook 13 и елегантните машини од средниот ценовен опсег – Matebook D14 и D15.

Сите модели се одликуваат со FullView дисплеј, елегантнo металнo тело, копче за стартување со препознавање на отпечатоци и поддршка на интелигентни одлики за поврзување на лаптопот и паметниот телефон на Huawei, познати како Multiscreen collaboration или интеракција со повеќе екрани. На овој начин вашиот паметен телефон и лаптопот ќе работат како еден уред, споделувајќи содржини за да овозможат најдобро корисничко искуство, што е и приматот на брендот.

13.9 инчниот Huawei Matebook X Pro тежи само 1,33 кг и е дизајниран за динамични деловни луѓе и креатори на дигитални содржини кои бараат мобилност, долготрајност на батеријата, супер детален и светол дисплеј, стил и уникатност. Хардверскиот систем е составен од 10-та генерација на процесорот Intel® Core ™ i7-10510U, 1TB SSD и NVIDIA® GeForce® MX250 графичка картичка што работи со 2 GB GDDR5, а батеријата од 56Wh има неверојатно долг век на траење, подготвен да ги исполни барањата на сите потрошувачи. Huawei Matebook X Pro се очекува со оперативен систем Windows 10 Pro.

Овој извонреден уред во земјава ќе може да се најде во продажните места на Нептун, Сетек, Анхоч и Техномаркет по продажна цена од 99,999 денари.

13 инчниот Matebook 13 се базира на мобилен процесор AMD Ryzen™ 5 3500U со графичка картичка Radeon™ Vega 8 и 512GB SSD. Екранот има сооднос 3:2 и резолуција од 2160 X 1440 пиксели и исто така поддржува 100% од опсегот на sRGB. Батеријата од 42Wh трае до 10 часа при нормална употреба и се полни со компактен полнач Type-C. Matebook 13 доаѓа со оперативен систем Windows 10 Home.

Продажната цена на овој уред на македонскиот пазар ќе биде 44.999 денари и истиот ќе биде достапен во Сетек.

HUAWEI MateBook D14 и D15 располагаат со дисплеј од 15,6 инчи и 1080p резолуција (1920×1080) и широк агол на гледање од 178 степени. Конфигурациите засновани на AMD Ryzen™ 7 3700U со Radeon™ Vega 8/ Radeon™ Vega RX 10 графики и 8 GB DDR меморија се присутни во моделите, а нивната батерија има капацитет од 42Wh. Matebook D14 и D15 се базирани на оперативниот систем Windows 10 Home.

Во продажните места на Нептун, Сетек, Анхоч и Техномаркет лаптопот MateBook D14 ќе се продава по цена од 41.999 денари, додека цената на MateBook D15 ќе биде 39.999 денари.

За сите лаптопи од серијата MateBook предвидена е гаранција од 2 години. Huawei во Македонија располага со локална канцеларија и локален сервис. Сервисните услуги вклучуваат и опција „Од врата до врата“ за бесплатна курирска услуга која важи за сите уреди на Huawei на територијата на целата земја. Во случај корисниците да имаат потреба од каква било услуга, вообичаено обезбедена од сервисните центри на Huawei или нивните партнери, со оваа услуга, која стартуваше со појавата на пандемијата со Ковид-19, клиентите можат да се јават и да побараат бесплатно преземање на уредот од дадената адреса за сервис, а потоа истиот да го добијат назад на дадената адреса, дезинфициран и подготвен за користење.

Награден напис

Barrington Pheloung – Theme From ‘Inspector Morse

Barrington Pheloung – Theme From ‘Inspector Morse

Porsche официјално ја претставија новата Panamera

Уникатна симбиоза на контрастите: новата PorschePanameraсега опфаќа уште поширок спектар. Taa ги комбинира перформансите на …

Забрането е копирање на текст!