Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по крајот на натпреварот беше откриен интересен податок.
Имено, на официјалниот сајт на Мундијалот беше објавено дека на натпреварот на стадионот Ал Тумама во Доха присуствувале 41.721 гледач.
Тој податок веднаш привлече големо внимание од две причини кои докажуваат дека личноста која ја внела бројката на гледачи направила голема грешка.

Имено, официјалниот капацитет на стадионот е 40.000 седишта, а со оглед на тоа што ФИФА особено внимава да нема повеќе луѓе од максималниот капацитет на стадионите, тешко е да се замисли дека речиси 2.000 луѓе кои се „вишок“ би можеле само да влезат стадионот..
Сепак, на стадионот сигурно немаше ни приближно 42.000 луѓе, бидејќи само гледајќи ги трибините, имаше многу празни седишта.
„Реално, стадионот не беше ни блиску до полн капацитет. Тоа не беше во ниту еден момент од играта“, напиша британски Гардијан за стадионот кој беше речиси полупразен.