Српските кошаркари продолжија да газат се пред себе

Кошаркарската репрезентација на Србија ја совлада селекцијата на Полска со резултат 96:69 и со максимален учинок го потврди првото место во групата Д. Србија во осминафиналето ќе игра против Италија.

Прашањето за победникот веќе беше решено по првата четвртина кога беше 28:14, па првите фаворити на шампионатот без проблем до крајот го зголемија водството и го остварија петтиот триумф во низа.

Србија до победата ја предводеа Никола Јокиќ со 19 поени, Никола Милутинов со 16 и Марко Гудуриќ со 15 поени, додека кај Полска најефикасен беше Михал Михалак со 17 поени.

Српските кошаркари во осминафиналето ќе играат против Италија, што е едно од дербито на таа фаза од натпреварувањето, додека Полјаците ќе се соочат со Украина.

Од останатите натпревари се издвојуваат дуелите Германија – Црна Гора, Шпанија – Литванија, и Хрватска – Финска. Натпреварите се играат во сабота и недела.

Двојките од осминафиналето на Евробаскетот:

Германија – Црна Гора

Грција – Чешка

Шпанија – Литванија

Полска – Украина

Словенија – Белгија

Хрватска – Финска

Турција – Франција

Србија – Италија

Претходна Модел со кој Jeep сака да ги освои европските градови
Следна Поради кралицата Елизабета, УЕФА направи преседан среде натпревар од Лига Европа

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Забрането е копирање на текст!