Со Хјундаи Елантра од 2013 година поминала дури 1,6 милиони километри

Иако просечниот американски возач годишно поминува 22.530 километри, Фара Хаинс со својата Хјундаи Елантра од 2013 година до сега поминала дури 1.609.344 километри. Таа е доставувач на автоделови од Канзас и просечно на годишно ниво поминува 321.868 километри.
По сите поминати тестирања од страна на Хјундаи за вистинитоста на поминатите километри, тие решиле да ја наградат Хаинс со нова Елантра, со посебен амблем креиран само за неа на инструмент таблата.
Од Хјундаи по повод овој настан изјавуваат дека тоа е доказ за апсолутниот квалитет на нивните возила.

Претходна Што прави Жозе Мурињо по отказот од Манчестер Јунајтед
Следна Сè поизвесно е појавувањето на SUV од Bugatti

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!