Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во второто коло на УС Опен победувајќи ја втората носителка Анет Контавеит во три сета.
Серена, која најави дека УС Опен ќе и биде последен турнир во кариерата, по два и пол часа игра победи против Естонката со 7:6 (7:4), 2:6, 6:2, а сега ја чека меч.со Ајла Томљановиќ од Австралија.
На Артур Еш имаше невидена и неверојатна атмосфера, публиката ја однесе Вилијамс до победа, а на прашањето за навивачите, Контавеит рече:
“Го очекував, го гледав нејзиниот претходен натпревар. Кога си на теренот, тоа е тешко, иако знаев дека ќе биде така. Претпоставувам дека не можеш да научиш од туѓите искуства, а никогаш ништо не сум се почувствувала така. Не дека навиваа против мене, само очајно сакаа Серена да победи. Не го сфаќам тоа како личен напад, Серена тоа го заслужува“, изјави Естонката.
Меѓутоа, кога заврши делот од прашањата на англиски јазик, Естонката во солзи ја напушти прес-конференцијата.
Во тениска конкуренција Русинот Даниил Медведев се пласираше во третото коло на УС Опен победувајќи над Артур Риндеркнех од Франција со 3:0 во сетови (6:2, 7:5, 6:3).
Актуелниот шампион оствари лесна и сигурна победа за нешто повеќе од два часа игра, а Французинот му одолеа само во вториот сет кога беше 7:5.
Изненадување беше елиминацијата на шестиот носител и минатогодишен полуфиналист Феликс Оџер-Алиасиме, кој беше надигран од Британецот Џек Дрејпер во три сета и беше 6:4, 6:4, 6:4.