Словенците со несекојдневен начин на привлекување на туристи

Словенија има многу начини да привлече туристи. Од планински убавини, до пештери и спа центри. Но, Словенците решиле да внесат уште една атракција за привлекување на туристи – набљудување мечки. Тоа е опасен потфат, но со искусен водач, обично ловец, преставува возбудлива авантура.
Миха Јернејчич од Регионалниот парк Нотранска, изјави:

„Најдобро е мечките да се набљудуваат кон крајот на летото и почетокот на есента, бидејќи тогаш деновите се долги и тие излегуваат во потрага по храна додека не се стемни.“

Доколку посетителот се придржува до безбедносните протоколи нема шанси мечката да им се приближи на луѓето, поради ѕидот висок четири метри.

„Ако осетат дека има луѓе во близина, мечките се повлекуваат”, објаснува Јернечиќ.

 

Претходна Италијанскиот произведувач на слатки Ferrero ја понуди најслатката работа на светот
Следна 4 милијарди долари инвестиција на Форд

Награден напис

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Патиките на Мајкл Џордан се продадени за дури 2,2 милиони долари

Патиките на кошаркарската легенда Мајкл Џордан од финалето на НБА во 1998 година, на аукција …

Don`t copy text!