Актерската екипа на светски познатиот серијал Game of thrones најверојатно се најпрепознатливите лица во светот.
Во последното промотивно видео за премиерата на првата епизода од осмата и последна сезона, ХБО ги собра на едно место сите и ги облече во свечена облека.
Меѓу нив се Питер Динклиџ, Емилија Кларк, Кит Харингтон, Мејзи Вилијамс и Чарлс Данс.
Премиерата е најавена за 14 април, а епизодите ќе се прикажуваат до 19 мај, за кога е планирана последната епизода.



