Болидот Ферари Ф300 управуван од легендарниот германски Формула 1 возач, Михаел Шумахер е понуден на продажба.
Формула 1 натпреварувањето имаше неколку неверојатни епохи, а меѓу првите 5 секако беше онаа со V10 мотори кога седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер возеше за Ферари. Ф1 болидот на Ферари со V10 мотор ретко се појавува во продажба, особено оној што возен од Шумахер, но ентузијастите сега имаат фантастична можност да поседуваат дел од историјата и да купат Ферари Ф300 од 1998 година за 4,9 милиони долари.
Станува збор за автомобил во кој Шумахер го освои второто место на ГН на Луксембург во 1998 година. Навивачите ќе се сеќаваат дека тој беше во пол-позиција на таа трка, додека Мика Хакинен беше трет во болидот на Мекларен-Мерцедес. Сепак, победникот на неделната трка беше финецот, со што обезбеди драматична борба за титулата на патеката Сузука во Јапонија.
Шумахер го возеше истиот болид на Сузука, повторно ја обезбеди пол-позицијата, но му пукна гумата поради остатоци на патеката, па Хакинен победи и стана светски шампион.
Нема детали за автомобилот, а додека беше активен во трките, F300 беше придвижуван од 047D 3.0-литарски V10 мотор на Ferrari кој развиваше околу 800 КС. Тоа беше почеток на ерата на Ferrari V10, а германецот тогаш беше апсолутно доминантен во првиот дел од 2000-тите. Тој освои пет светски титули со Ферари до 2004 година, потоа беше трет во 2005 година, а во 2006 година V10 се повлече и почна да се користи 2,4-литарскиот V8 мотор.