Шпанецот Сеск Фабрегас потпиша тригодишен договор со францускиот прволигаш Монако.
Тој го напушти Челзи и прејде во клубот кој го тренира неговиот некогашен соиграч Тиери Хенри.
“Нестрплив сум да почнам да играм за Монако. Сакам да му помогнам на тимот”, изјави Фабрегас.
Монако не му исплати никаква отштета на Челзи, но со сигурност плавците ќе добијат надокнада што моментално не е објавена, а е поврзана со настапите на Фабрегас во дресот на клубот.
Монако е моментално во голема криза – се наоѓаат на претпоследното место во Лига 1 и им претстои огромна битка за опстанок. Тиери се надева дека Фабрегас е делот од сложувалката што ќе го овозможи тоа.