По девет години, Сер Алекс Фергусон се врати во Манчестер Јунајтед, клубот каде што стана еден од најголемите тренери во историјата.
Славниот Шкот, секако, не се враќа на клупата на 81 година, туку ќе има сосема нова, советничка улога на „Олд Трафорд“.
Имено, извршниот претседател на клубот Ричард Арнолд го формирал Стручниот совет, а првиот човек што го поканил во него бил Фергусон.
Заедно со тие двајца, членови на тоа тело се поранешниот директор Дејвид Гил, поранешниот капетан Брајан Робсон и сегашниот директор Џон Муртоу.
Фергусон по пензионирањето пред девет години ја имаше улогата на советник на Управниот одбор, но таа функција беше од симболична природа и сега со право може да се каже дека Фергусон се врати во Јунајтед.
Стручниот совет ќе се грижи за односот на клубот со навивачите и имиџот и ќе се обиде да помогне со совети околу трансферите.