Според научниците, одговорот на прашањето која поза е совршена за постигнување женски оргазам лежи токму во старата добра мисионерска поза, со мала промена, односно со додавање перница под задникот на жената за да и биде карлицата во малку повисока положба за време на сексот.
Како што објави списанието Sexologies, еден пар истражувачи од приватната гинеколошка клиника New H Medical во Њујорк, по долго истражување, ја потврдиле најуспешната позиција за постигнување женски оргазам со испитување на протокот на крв во клиторисот пред и после секс на пет главни позиции.
Позите вклучуваа жена горе лице в лице, седечки лице в лице, лице в лице со маж нагоре – без перница и клекнување одзади.
Тие откриле дека протокот на крв во клиторисот се зголемува по сексуалниот однос во секоја варијација освен во позата на клекнати “doggy”. Тие исто така заклучиле дека лице в лице со мажот одозгора, познат како мисионерска, со перница под карлицата на жената е најуспешниот начин да се забрза и зголеми протокот на крв во клиторисот.
„Позата со клекнување одзади “doggy” произведува најмалку директен контакт со клиторисот и резултира со мало зголемување на протокот на крв во оваа област во споредба со позите лице в лице“, напишаа авторите на студијата. Како што е објаснето во трудот, двојката вредни научници е здрава докторска двојка, и двајцата на возраст од триесет и две години, добро позната на истражувачите кои вршеле експерименти врз нив. Уживањето во сексуални акробации под будното око на двајца истражувачи може да се доведе во прашање, но мораме да земеме предвид дека не сите луѓе сакаат исти работи во креветот, па ако им било убаво, кои сме ние да им судиме.
Дополнително, ова истражување е целосно валидно бидејќи не се потпирало на вербална потврда за потенцијален оргазам, туку научно следен проток на крв во клиторисот, што дефинитивно е вистински показател за сексуална возбуда.
Ова најново истражување е само потврда за слични наоди од многу поголема студија. Еден труд од 2020 година опфатил 20.000 чешки хетеросексуалци, испитувајќи ги за нивните преференции во тринаесет сексуални пози.
Овде се покажа и дека позата лице в лице е вистинската работа кога барате женски оргазам, иако заклучокот извлечен од овој голем примерок е дека најповолната поза е всушност лице в лице со жената горе.