Секс играчка освои награда на Саемот за технологија, но организаторите решија да ја повлечат

 
Компанијата која се занимава со производство на секс играчки Lora DiCarlo, планирала да го претстави својот прв производ за жени на Саемот за потрошувачка електроника (CES), кој се одржува од 8-12 јануари во Лас Вегас. Оваа компанија освои награда за иновација, но организаторите се предомислија и решија да ѝ ја одземат.
Имено, организаторите на Саемот ја укинаа наградата и можноста компанијата да го изложи својот производ од многу смешни и апсурдни причини, велат критичарите.
Производот на Lora DiCarlo – Osé роботски масажер, ја освои почесната ознака во категоријата за роботика и дронови, откако беше оценувана од независен панел на судии, за што на компанијата требаше да ѝ биде врачена награда. Меѓутоа, откако беше рангирана високо, се вмеша Асоцијацијата за потрошувачка технологија и оттаму изјавија дека нејзиниот производ не е во склад со правилата затоа што е неморален, непристоен, простачки и вулгарен, и поради тоа го дисквалификуваат.
Саемот CES веќе подолго време е мета на критики заради исклучувањето на жените. Последните два саема немаа ниту еден женски говорник, а само една петина од минатогодишните учесници на Саемот биле жени.
Основачката на компанијата Lora DiCarlo – Лора Хедок, ги обвини организаторите за двојни стандарди и за гушење на иновациите, заради тоа што минатата година на Саемот била претставена секс кукла за мажи, симулатор за орален секс и роботски танцувачки во скут (robotic lap-dancers), а чести се и изложбите со виртуелна реалност кои изложуваат порнографија.

“Претставени се две правосмукалки, четири детски играчки, еден робот за купување… изгледа дека ги покриле сите интереси на жените”, иронично ја коментира одлуката на организаторите Хедок.

Направата Osé е развиена во соработка со истражувачи од Државниот универзитет на Орегон, отпорна е на вода и користи hands free микро-роботска технологија која имитира доживување како со вистински партнер.
На Саемот за технологија во Лас Вегас секоја година со свои производи се претставуваат познати и реномирани брендови, како што се Amazon, Ninite и Google. На прашањето зашто на другите компании кои се занимаваат со секс технологија им е дозволено учество на Саемот, од CSE не одговорија.
 

Претходна Мохамед Салах по втор пат прогласен за најдобар африкански фудбалер
Следна Инстаграм им овозможи на корисниците со IOS опција што ќе им го олесни користењето

Награден напис

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Мистериозно кинеско летало

Кинеското вселенско летало без екипаж се врати на Земјата откако помина 276 дена во орбитата. …

Don`t copy text!