Сексуално преносливите болести се инфекции кои најчесто се пренесуваат преку сексуален однос, освен ХИВ и сифилис кои може да се пренесат и со бременост и породување, и преку трансплантација на органи и трансфузија на крв.
Од ризичните фактори за сексуално преносливи болести прва се наведува возраста. Всушност, заради имунолошката незрелост на матката, кај девојките воспалителните процеси се одвиваат полесно и често болеста е прикриена и се открива дури кога ќе се направи голема штета на општото и репродуктивното здравје.
Полот исто така е битен фактор, и девојките се поподложни на вакви инфекции.
Многу сексуално преносливи болести имаат благи или воопшто не покажуваат симптоми, кои понекогаш може да поминат и сами без да бидат третирани.
Болестите се пренесуваат преку орален, вагинален и анален секс.
Голем дел од овие болести може да се излечат со антибиотици, освен некои како ХИВ, за кој сè уште нема лек и важно е да се превенира и да се внимава.
- Симптоми кај мажите и жените. Болка при мокрење, пецкање и чешање во регијата околу гениталиите, чирчиња, брадавици околу анусот или гениталиите
- Симптоми што се јавуваат кај жените. Жолт или зелен исцедок, исцедок со непријатен мирис, крварење помеѓу циклусот, болка во долниот дел од стомакот.
- Симптоми што се јавуваат кај мажите. Исцедок од пенисот и иритација на уретрата.