Сексуални проблеми што им се случуваат и на најдобрите

  •  

Колку и да се сакаат паровите, понекогаш и на најскладните и најдобрите играчи во спалната соба им се случува по некој проблем.

Ова се неколку сексуални проблеми кои знаат да се појават и да исчезнат сами од себе, за кои баш и не треба да си ја удирате главата.

Партнерот не е возбуден како порано. Најверојатно ве изненадува тоа што партнерот не е обземен со страст кога ќе ве види гола. Не грижете се, тоа е нормално. Со време партнерите се навикнуваат едни на други и страста малку спласнува. Нема потреба од грижа дека партнерот ве изневерува. Она што заедно може да го направите е да го смените љубовното сценарио, да ја вклучите имагинацијата и фантазиите. Излезете од зоната на комфор, не практикувајте секс само во спалната соба и секогаш во исто време.

Разлика во либидото. Вашиот партнер сака секс наутро, а навечер не е многу расположен за тоа. Кај вас пак е обратно: би го прескокнале утринскиот секс, но навечер имате огромна желба. Ќе мора да најдете компромис. Најдобрата работа што може да ја направите е да го почитувате фактот дека секој има различно време и желба за секс. Усогласете се со партнерот за терминот и начинот кој и на двајцата ќе ви одговара.

Имате различни сексуални желби. Партнерот сака орален секс, но вие во моментот не сте расположени за тоа. Можеби сакате предиграта да трае подолго, но на партнерот му се брза. Таквите разлики не се невообичаени. Партнерите треба да си ги кажуваат желбите и фантазиите. Ако посакате да внесете нешто ново во сексот, слободно соопштете го тоа на партнерот, а слушнете ги и неговите желби. Така ќе направите баланс во спалната соба.

Ослабена ерекција. Ова е ситуација која знае да се појави во секоја врска. Исто така, со годините ерекцијата знае да го намали својот интензитет, но тоа често се случува и поради стрес или замор. Не очајувајте. Дајте си време и бидете трпеливи.

Не доживувате оргазам. Се јавуваат ситуации во кои не можете да доживеете оргазам, колку и да се трудите. Можеби, наместо да се трудите и да се концентрирате на доживување оргазам, треба да се опуштите и да дозволите возбудата и времето да го направат своето. Уживајте во сексот.

Копирањето на содржината е забрането!