За да се објасни што се случува со нашиот мозок за време на сексот и оргазамот, научниците употребиле магнетна резонанца и компјутерска томографија, и проучувајќи ја мозочната активност откриле фасцинантни работи.
- Логичкиот дел на мозокот се исклучува при секс. Постојат причини зошто луѓето се чувствуваат похрабро и помалку вознемирени за време на сексот, а тоа е поради исклучувањето на логичкиот дел од мозокот.
“Страничниот орбитофронтален кортекс станува помалку активен. Тој дел од мозокот е задолжен за разум и донесување одлуки. Неговото деактивирање е поврзано со намаленото чувство на страв”, вели клиничкиот психолог Даниел Шер.
- Се вклучуваат повеќе делови од мозокот за да доживеете оргазам. Постојат повеќе делови од мозокот кои се вклучени во процесот на доживување оргазам.
“Истражувачите открија дека гениталниот сензорен кортекс, моторичките подрачја, хипоталамусот, таламусот и substantia nigra засветлуваат на MR и PET уредите за време на сексот”, објасни психологот Сукел.
Таламусот помага во обединување на информациите за допир, движење, сексуални спомени или фантазии за да помогне во постигнување на оргазам. Во меѓувреме хипоталамусот е зафатен со производство на окситоцин, хормон и невротрансмитер, за кој истражувачите веруваат дека е поврзан со чувството на поврзаност и сексуална возбуда.
- Кога доживувате оргазам мозокот ослободува допамин. При доживување оргазам, мозокот работи со полна пареа и произведува многу различни хормони и неврохемикалии. Еден од нив е допаминот, хормон кој е одговорен за чувството на задоволство, желба и мотивација.
- Мозокот е стимулиран како да сте дрогирани. Мозокот го доживува сексот како да сте под дејство на алкохол, наркотичко средство и расположението е зголемено.
- Испушта хемикалии поради кои сте помалку осетливи на болка. При секс скоро и да нема болка, всушност осетливоста на болка како да ја нема. Кога ќе се активира хипофизата се ослободуваат ендорфин, окситоцин и вазопресин, а тие се заслужни за помала осетливост на болка, за интимност и поврзаност.
- Оргазмот го прави мозокот поздрав. Психологот Сукел вели дека наглото зголемување на прокрвеноста во мозокот позитивно делува на здравјето на мозокот. Значи, колку почесто водите љубов и доживувате оргазам, толку повеќе го одржувате мозокот во кондиција и го одржувате неговото здравје.