Себастијан Фетел објави дека става крај на кариерата

Еден од најдобрите Формула 1 возачи во историјата, Себастијан Фетел денеска објави дека на крајот од сезоната ја завршува кариерата.

„Имав чест да работам со многу фантастични луѓе во текот на 15 години во Формула 1, а одлуката да ја завршам кариерата беше тешка за носење. Размислував многу за тоа, но решив дека тоа е вистинскиот потег. – рече Фетел, додавајќи:

„На крајот на годината ќе размислувам за својата иднина. Јасно ми е дека како татко сакам да поминувам повеќе време со семејството“, додаде Фетел.
Фетел, кој неодамна наполни 35 години, дебитираше во Формула 1 во 2007 година, а четири пати беше светски шампион зад воланот на Ред Бул од 2010 до 2013 година.

Во досегашните 289 трки, возејќи за БМВ Заубер, Торо Росо, Ред Бул, Ферари и Астон Мартин, победи 53 пати.

Со 13 победи во 2013 година, тој е рекордер во Формула 1 по бројот на победи во една сезона, а воедно е и најмладиот Формула 1 шампион во историјата со 23 години и 134 дена.

Тој е исто така изедначен на четвртото место со Ален Прост на листата на Формула 1 возачи со најмногу трофеи. Пред него се само Хуан Мануел Фанџо (5), Михаел Шумахер (7) и Луис Хамилтон (7).

Претходна Maroon 5 – Memories
Следна Порше влегува во Формула 1 и купува 50 отсто од акциите на Ред Бул

Награден напис

Римац Невера постави нов брзински рекорд за возење во рикверц!

Откако последователно соборуваше светски рекорди, Римац Невера сега почна да се менува. Хиперавтомобилот Rimac Nevera, …

Првите снимки на универзумот од европскиот вселенски телескоп Еуклид

Европскиот вселенски телескоп Еуклид денеска ги објави своите први снимки, откривајќи блескава маглина во облик …

Don`t copy text!