Климатските промени, топењето на половите и зголемувањето на нивото на морињата и океаните се работи што се актуелни веќе подолг период. Зголемувањето на нивото на водите на глобално ниво е потенцијална опасност за сите континенти.
Неколку светски метрополи се на директен удар од зголемувањето на нивото на океаните и морињата.
- Џакарта. Главниот град на Индонезија се смета за град што најбрзо тоне. Дури 40% од градоте се наоѓа под нивото на морето и секоја година потонува дополнително за 25 сантиметри, што е неверојатно и страшно. Директен причинител за оваа катастрофална состојба е лошата инфраструктура и водоводот.
- Бангкок. Секоја година главниот град на Тајланд потонува за 2,5 сантиметри и со тоа се наоѓа во прилично незавидна положба. Доколку најбрзо не се преземат мерки за заштита, се предвидува дека до 2030 година градот ќе има сериозни проблеми со тонењето. Во Бангкок проблем претставуваат огромните вискокатници кои прават земјата во темелите да се рони и да предизвикува тонење.
- Дака. Главниот град на Бангладеш секоја година е понизок за 1,3 сантиметри. Иако не е ни приближно во опасност како Џакарта, сепак нивото на водата во Бенгалскиот Залив расте 10 пати побрзо отколку во другите делови на светот.
- Њу Орлеанс. Градот кој пред неколку години беше оштетен од ураганот Катрина. Според студијата напрвена од НАСА, нивото на водата во овој дел до 2040 година ќе порасне за неверојатни 37 сантиметри. Според картите и податоците, некои делови од градот веќе сега тонат по 5 сантиметри годишно, главно во деловите околу реката Мисисипи. Опасноста е веќе и сега голема до толку што владата на САД издвои 48 милиони долари за релокација на жителите погодени од оваа ситуација.
- Лондон. За разлика од лошата инфраструктура на Џакарта, Лондон не може да се пожали од тоа. Според научниците, тонењето на Лондон го прави глечерот што пред 11 000 години ја притискал Шкотска. Глечерите се истопија и секоја година Шкотска расте за 1 сантиметар, а југот на Британија тоне. Иако во Лондон се направени бариери што треба да го штитат од поплавување, се сметало дека на годишно ниво од нив ќе имаат потреба максимално три пати, но моментално тие се користат 6-7 пати во годината. Тоа за Лондон воопшто не е добра вест.