Самсунг со 3 камери

Самсунг го лансираше првиот телефон со 3 камери, моделот А7. Корејскиот производител, на камерите од 24 и од 5 мегапиксели, ја додаде и третата камера од 8 мегапиксели која ќе биде задолжена за широкоаголно снимање.
Новиот телефон е од средната класа, а во продажба ќе се појави оваа есен.
Филозофијата дека”повеќе е подобро” решија да ја прифатат и од Самсунг па го набилдаа моделот А7 со три камери.
Од Самсунг решија да го применат она што претходно го најавија, а тоа е дека топ подобрувањата и новините прво ќе ги применуваат на поевтините телефони. Тројната камера требаше првично да се појави на моделот S10 Plus.
Главната задача при фотографирањето на моделот А7 ја имаат двата сензора од 24 и од 5 мегапиксели, каде вториот е длабински сензор за Live Focus фотографии, кој овозможува фотографии со заматена позадина. Леќата од 24 мегапиксели (f/1.7) има за задача да овозможи подобри фотографии при слаба осветленост, бидејќи ќе спојува 4 пиксели во еден. Третата камера на позадината има сензор со 8 мегапиксели и нејзина задача е да прави широкоаголни фотографии од 120 степени.
На предната страна на моделот А7 се наоѓа камера со 24 мегапиксели на која ѝ помага блиц.

Останатите карактеристики на новиот А7 се AMOLED екран со 6 инчи дијагонала и FHD+ резолуција (1080 x 2220). Тука е и процесорот со осум јадра на 2,2 GHz со рам од 4 Gb и внатрешна меморија од 64Gb. За напојувањето ќе се грижи батерија од 3300 mAh.
Во првиот бран ќе биде достапен во црна, сина и жолта боја, а понатаму ќе се појави и во розева боја.

Претходна BMW M5 G-POWER ѕвер од 800 КС
Следна Purosangue, изненaдувањето од Ferrari

Награден напис

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Мистериозно кинеско летало

Кинеското вселенско летало без екипаж се врати на Земјата откако помина 276 дена во орбитата. …

Don`t copy text!