Сергеј Куд-Сверчков направи кратко четириминутно видео од својата прва вселенска прошетка кое траеше седум часа. Тој, заедно со командантот на експедицијата 64, Сергеј Рижиков, работеа на редовно сервисирање на модулот Пирс на 18 ноември и им беа потребни шест часа и 47 минути за да ја завршат задачата.
Ова беше првата вселенска прошетка и задача за двајцата астронаути.
Куд-Сверчков го споредил излегувањето од ISS со искачување на планина и работењето во сенка го потсетило на нуркање во пештера, бидејќи ништо не се гледало освен опремата осветлена од неговата светлина. Задачата што ја изврши беше еднаква на обуката што ја помина во комплексот Јуриј Гагарин во Москва.

Астронаутите ја заменија таблетата на модулот Звезда и отстранија одредена опрема од Пирс, која наскоро ќе биде пензионирана и заменета со модулот Наука. Овој нов модул ќе биде лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан. Следната планирана прошетка наречена ЕВА-48 вклучува подготовка за одделување на модулот Пирс и пристигнување на „Наука“.
како потсетување, првата вселенска прошетка ја направи советскиот космонаут Алексиј Леонов во април 1965 година и траеше 12 минути и девет секунди.