Русија ќе го гради најголемиот нуклеарен брод мразокршач на светот

Најмоќниот нуклеарен мразокршач на светот ќе биде направен во Русија, а се очекува да биде готов до крајот на оваа деценија.

Новиот брод мразокршач значително ќе ги надмине постојните благодарение на својата моќност од 120 MW. Проектот беше одобрен во четвртокот, а мразокршачот ќе го носи името „Лидер“ и ќе припаѓа на групата Проект 10510. Ќе го гради бродоградилиштето Ѕвезда и Росатомфлот, а партнерите заради пандемија на коронавирус договорот го потпишаа преку видео-врска .

Идејата за овој мразокршач е зачната во 2016 година и ќе ги надмине сите постојни мразокршачи, дури и мразокршачите од Проектот 22220 кои се во фаза на изградба. Првиот мразокршачи од таа група, наречен „Арктик“, во моментов е во фаза на тестирање и ќе му се придружи на возниот парк подоцна оваа година. Уште два брода од ваков вид ќе бидат активирани во наредните две години.

„Арктик“ може да скршие мраз дебел три метри, а идните мразокршачи како „Лидер“ ќе можат да скршат мраз до дебелина од 4,3 метри. Мразокршачите од новат генерација ќе можат да останат на море осум месеци без да влезат во пристаниште. Новите мразокршачи ќе имаат двојно поголема моќност. Моќноста на „Арктик“ е 60 MW и „Лидер“ 120 MW.

Димензиите на идниот мразокршач се исто така импресивни. Ќе биде долг над 200 метри и висок околу 40 метри и ќе има 13 ката.

Задачата на двете семејства на бродови ќе биде да го одржуваат пловен патот низ мразот за послаби бродови во руското Северно Море, пренесува Russia Today.

Изградбата на мразокршачот „Лидер“ ќе чини околу 1,7 милијарди долари. Русија има намера да направи три мразокршач од овој вид, а нивното вклучување во функција се очекува до 2023 година.

Русија е единствената земја во светот која има голема флота нуклеарни мразокршачи. Таквите бродови се многу поголеми и помоќни од бродовите што користат конвенционално гориво и можат да работат воподрачја со дебели ледени плочи.

Претходна Lorena Rae
Следна Muay Thai – најбруталниот спорт на денешницата

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!