Роналдо повторно разочара

Кристијано Роналдо имаше мало учество во победата на Португалија над Швајцарија од 6:1, а и по натпреварот не беше со своите играчи за да го прослави триумфот.

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош направи неочекувана промена пред почетокот на натпреварот и го смести Роналдо на клупата за резерви. На негово место играше младиот напаѓач Гонкало Рамос кој постигна хет-трик.

Роналдо на теренот влезе дури на крајот од играта, кога се беше решено, а очигледно тоа не му се допадна, па тоа го демонстрираше по натпреварот.

Славниот португалски фудбалер не прослави со соиграчите. Во моментите кога сите играчи и членови на стручниот штаб на Португалија тргнаа кон навивачите да ја прослават победата, Роналдо излезе од теренот.


На видеото јасно се гледа дека Роналдо не отишол да даде изјава, ниту дека има оправдување, туку напротив, помина покрај репортерот и влезе во соблекувалната.

Секако, ова е само еден во низата потези на Кристијано Роналдо за кои неодамна беше повикан.

Претходна Трката во Кина повторно отстранета од календарот на Формула 1
Следна Пет раси на кучиња кои во никој случај не се за почетници

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Забрането е копирање на текст!