Роналдо купи Бугати за осум милиони евра произведен во само десет примероци

За својот 36-ти роденден, Кристијано Роналдо купи ретка копија од автомобилот Bugatti Centodieci вреден осум милиони евра, кој ќе биде произведен во само десет примероци.

Сепак, португалскиот ас ќе мора да почека малку за да го тестира новото милениче, имајќи предвид дека Бугати го започна производството на овој модел пред само неколку недели и се очекува тој да биде готов до 2022 година.

Роналдо инаку е познат како голем колекционер на автомобили и е редовен купувач на возила Бугати. Претходно купи модели како Veyron, Chiron и La Voiture Noire, а најновиот Bugatti Centodieci со 1600 коњски сили ќе може да развие брзина од 100 километри на час за 2,4 секунди.

Покрај тоа, фудбалерот на Јувентус поседува и Ferrari F430, Phantom Rolls-Royce, Lamborghini Aventador и култниот Maserati GranCabrio. Bentley Continental GTC е уште една убавица во колекцијата на Роналдо, а McLaren Senna, кој го купи за 750.000 фунти во јули, е една од неговите понови купувања.

Неговата девојка Џорџина Родригез исто така го изненади со Mercedes G од 600 000 фунти за неговиот 35-ти роденден, но Bugatti Centodieci најверојатно ќе ги засени сите нив.

Претходна K-391 & Alan Walker – Ignite (feat. Julie Bergan & Seungri)
Следна Новиот KIa Sorento PHEV – plug-in хибриден СУВ со 7 седишта

Награден напис

Brabus го тјунираше Smart EQ ForTwo

Познатиот тјунер Brabus веќе има историја на средување на автомобилите на Smart, а уште еден …

AC Schnitzer ја тјунираше новата BMW серија 4

Германскиот тјунер AC Schnitzer ја примени својата „магија“ на BMW Серија 4. BMW Серија 4 …

Забрането е копирање на текст!