Роналдо изјави дека ќе игра за Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо долго време молчеше, но во последните два дена ја најави својата иднина во Манчестер Јунајтед.

Веќе со недели кружат гласини дека Роналдо сака да го напушти Јунајтед, а вчера португалскиот ас изјави дека „новинарите лажат“.

Доцна синоќа испрати уште поконкретна порака која сигурно ќе ги израдува сите навивачи на „црвените ѓаволи“.

Една од страниците што ја креираа неговите фанови на Инстаграм објави дека Роналдо е на списокот со играчи за пријателските натпревари против Атлетико Мадрид и Рајо Ваљекано, а Португалецот изјави дека ќе игра на една од нив.
Јунајтед денеска во Осло од 13 часот и 45 минути игра против Атлетико Мадрид, а утре од 17 часот на „Олд Трафорд“ ќе има генерален меч против Рајо Ваљекано и токму на тој меч ќе игра Роналдо.

„Кралот игра во недела“, рече Роналдо, отфрлајќи ги сомнежите дека нема да биде со тимот на почетокот на сезоната.

Претходна Land Rover уште еднаш се осврна на последната генерација на Defender
Следна Рачниот часовник на Хитлер е продаден на аукција во САД за 1,1 милион долари

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!