РК Работнички изигра рутински во Гевгелија

И на денешниот натпревар во Гевгелија против РК Партизан, ракометарите на РК Работнички рутински одиграа и извојуваа победа. Низ целиот натпревар беа неприкосновени на паркетот и извојуваа висока победа со дури 23 гола разлика. РК Партизан – РК Работнички 14:37, со резултат на полувреме 6:18.

Со денешната висока победа Работнички е уште еден чекор поблиску до влезот во Супер лигата.

На денешниот натпревар за РК Работнички головите ги постигнаа: Стефан Николовски 13 голови, Армен Садиковиќ 7 голови, Никола Димитров 7 голови, Бојан Љубевски 5 голови, Олег Кумогородски 2 гола, Мартин Димовски 2 гола и Дмутро Полиак 1 постигнат гол. Комплетната екипа денес продолжи да го дава својот максимум и со тоа дадоа голем придонес за победата во Гевгелија.

За РК Партизан головите ги постигнаа: Тодор Узунчев 5 голови, Горан Камчев 2 гола, Димитар Вегов 2 гола, Ѓорге Мандалов 2 гола, Џоко Јанев 2 гола и Димитар Узунчев 1 гол.

Награден напис

Тогоанецот Адебајор со одговор кон новинарите за нивните критики

Спортистите често донираат пари во добротворни цели за борба против короната, некои донираат медицински материјали. …

Хуманоста на Новак Ѓоковиќ повторно во преден план

Новак Ѓоковиќ покрена нова иницијатива за да им помогне на тенисерите најпогодени од паузата поради …

Don`t copy text!