Убаво е секој секс да е спонтан, без да треба да се подготвуваме. Сепак, жените имаат мали ритуали што ги прават пред сексуален однос.
Еве неколку работи што повеќето жени ги прават пред секс.
- Облекуваат спарена долна облека. Градник и гаќички во комплет е нешто што жената ја прават посигурна во себе кога ќе ја соблече облеката.
- Се депилираат. Несаканите влакненца се најчестата причина поради која жените избегнуваат да имаат секс со сопругот или момчето.
- Подготвуваат романтична и секси музика. Ако мажот со кој се гледа прв пат доаѓа во нејзиниот дом, жената ќе се погрижи во позадина да свири тивка романтична и секси музика. Музика која ја буди страста.
- Цел ден внимаваат што јадат. Ако планираат вечерта да имаат секс, внимаваат да не консумираат храна што ќе им направи проблеми со гасови или грчеви.
- Проверуваат дали мирисаат убаво. Мирисање на пазувите додека се соблекуваат е нешто што жените го имаат усовршено скоро до совршенство.
- Ги освежуваат интимните делови. Користат освежителни марамчиња, дезодоранси. Сепак најздраво е да се користи вода за да не се изложува интимниот дел на хемикалии.