Вљубениците во Ferrari и колекционерите со „длабоки џебови“ добија шанса да поседуваат исклучително ретко Ferrari Dino 206 S од 1967 година, но ќе треба да ја платат највисоката цена на овомесечната аукција.
Ferrari произведе само 18 примероци од овој модел, но автомобилот на фотографиите е само еден од 13-те произведени Drogo Spider.
Dino 206 S „ја здогледа светлината на денот“ во 1966 година и беше произведен од Ферари за да се натпреварува во класата 4 на автомобили на FIA со 2.0-литарски мотори. Ferari ги „украде“ клиентите на Порше и стана миленик на приватните тимови во тоа време. Придвижуван од V6 мотор, развиен од Dino Ferrari, болидот се покажа одлично на патеката. До крајот на тркачката сезона во 1966 година, Dino 206 S ја докажа својата вредност. Завршил на второто место на трката во Targa Florio, бил втор и трет на Нирбургринг и шести на патеката Спа.
Ferrari првично планираше да произведе 50 примероци, но проблемите го принудија производителот да го ограничи производството на само 18 примероци.
Автомобилот на фотографиите носи шасија со број 82 и е испорачан на Корадо Ферлејн, познат инженер. Историчарот на Ferrari, Марсел Масини, вкопал во историјата на автомобилот и открил дека тој се натпреварувал на неколку ридски трки помеѓу 1966 и 1967 година. Откако беше сервисиран во фабриката на Ferrari во ноември 1968 година, автомобилот се менуваше неколку пати пред да биде купен од колекционерот Пјер Бардинон во 1979 година. Оттогаш е дел од некои од најдобрите колекции на автомобили Ферари во светот. Жак Сетон го купил автомобилот во 1980-тите, а подоцна го продал на британски колекционер. Автомобилот потоа беше реставриран во Велика Британија во 2003 година, по што беше транспортиран во САД.
Во 2014 година следеше нова реставрација во фабриката на Ferrari, каде што го доби сертификатот Црвена книга, што ја потврдува оригиналноста на шасијата, моторот и менувачот.
Dino 206 S се смета за еден од најубавите тркачки автомобили во 1960-тите, а ќе се продава на аукцијата на RM Sotheby’s, која ќе се одржи помеѓу 15 и 17 февруари.
Вредноста не е проценета, но се очекува да биде во милиони.